Во боите на Африка: Меланија сама на турнеја во Гана, Малави, Кенија и Египет

САД- Првата дама на САД Меланија Трамп во боите на Африка тргна сама во освојување на африканскиот континент. Во кашмирски мантил и салонки на високи потпетици со тигрест дезен сама полета од Вашингтон на петдневна турнеја. Ќе ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет. Во овие земји ќе се фокусира на прашањето на здравјето и образованието и ќе ги посети локалните болници и училишта.

Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД. Мишел Обама во 2010 сама го посети Мексико, а следната година и Африка. Лора Буш, исто така сама патуваше неколку пати, а првата посета и беше во 2002 година на Европа.