Во близина на Стража се преврте камион полн со овци

Камион полн со овци се преврте во близина на превојот Стража. Во сообраќајната несреќа, која се случи по 16:30 часот, настрадаа голем број овци.

Полицијата е на лице место и се очекува да излезе со детална информација за причините на несреќата.

Сообраќајот се одвива по една собраќајна лента, а полицијата го регулира сообраќајот.