Во Берово утрово минус три степени

Времето утрово беше студено и ведро со температура што се спушти под нулата во Берово и Лазарополе. Ниски температури кои наместа ќе бидат под нулата според најавите од метеоролозите ќе има и утре.

Утрово минималните температури се движеа од -3 Берово, -2 Лазарополе, нула во Крива Паланка, Скопје Петровец, Крушево и Струмица, еден во Претор и Битола, два во Тетово и Демир Капија, три Охрид, Ѓуриште и Тополчани, четири Пожаране, Штип и Куманово, пет Скопје и Прилеп, шеест Гевгелија, до седум степени во Дојран.

Преку денот времето ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Максимална температура ќе се движи од 16 до 24 степени.