Во Албанија уловена ајкула тешка 340 килограми

Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч, уловена е ајкула тешка 340 килограми.

Пленот е уловен на длабочина од околу 100 метри, и претставува една од поголемите ајкули што албанските рибари ги имаат уловено во водите на Јадранско Море во близина на Драч.

Рибарите од истиот град, во средината на минатиот месец на иста длабочина, уловија ајкула тешка 400 килограми, од видот „дем“ кои се на второ место по опасност, после белата ајкула.

Минатот месец исто така ајкула од овој вид уловија и рибарите од приморскиот град Валона, на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше тежок околу 100 килограми.

Кога станува збор за рибарите од Валона, тие имаат уловено повеќе од десет ајкули, со различна тежина и речиси сите околу островот Сазан.

Во ноември во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, уловена беше ајкула тешка 412 килограми, што претставува до сега најголема уловена ајкула.

Месото од ајкулите завршува во угостителските објекти бидејќи важи за специјалитет.

Инаку, иако последните години зачести присуството на ајкули на албанското крабрежје, не претставуваат опасност во текот на летната сезона.