Во Албанија родилка и бебе починаа од свински грип

Родилка со едно од нејзините близначиња починаа во Инфективната клиника во Тирана како поседица од вирусот АХ1Н1, познат како свински грип.

Жената на 36-годишна возраст била хоспитализирана неколку дена, по предвременото породување.

Едното од бебињата не е заразено од овој опасен вирус и според лекарите е во добра здравствена состојба.

По овој случај, раководителот на Одделот за инфективни болести при Институтот за јавно здравје, Силва Бино упати апел до сите бремени жени и ризични групи да се вакцинираат против грип.

– Таа беше на 36-годишна возраст, бремена и го загуби својот живот заедно со едно од новородените близначиња. Другото е во добра здравствена состојба. Гинеколози, лекари, медицински сестри, бремени жени се сметаат за ризични групи од грип. Апелирам да се вакцинираат за да се заштитат себе си и нивните рожби, порача таа.

Додаде дека и покрај тоа што нема зголемување на бројот на заболени од грип, останува загриженоста, па затоа потребна е имунизација.

– Морбилите продолжуваат да се шират низ земјата и кој ја одложил вакцината на неговото дете или не е вакциниран, веднаш тоа да го направи. Морбилите не го заобиколуваат никого и не разликуваат возрасна граница, посочи Бино.

Мајката и бебето се шеста, односно седма жртва од грип во Албанија, при што шестмина од пациентите биле заразени со вирусот АХ1Н1, односно свински грип.