Во Албанија намален бројот на парцели за одгледување марихуана

Албанската полиција во изминатите пет месеци од годинава извршила вкупно 70 илјади контроли во рамки на зацртаните активности за сузбивање на огледувањето марихуана.

Директорот на Управата за јавен ред,мир и безбедност Ѓовалин Лока,презентирајќи го петмесечниот биланс изјави дека споредено со истиот период лани, евидентирани се 53 парцели помалку.

– Во периодот јануари-мај евидентирани се 23 парцели со 2.579 стебла.Споредено со 2017 година,кога Албанија конечно беше избришана од картата на земјите кои одгледуваат канабис, евидетирани се 53 парцели помалку или 21.500 стебла помалку. Ивршените 70 илјади контроли се на отворен простор,поранешни армиски објекти,магацини,напуштени куќи и слично, рече Лока.

Тој посочи дека годинава мониторирањето од воздух од страна на италијанската полиција,Гуардиа ди финанца почнало порано од претходно и оти во месеците април и мај извршени се 29 летови. Мониторирањето од воздух ќе продолжи до есен.

Во овој период полицијата  уасила 13 лица, поради одгледување марихуана,по шест се трага,додека пет лица се бранат од слобода.