Во Аеродром ќе се постават 9.000 мамци против глувци

На подрачјето на Аеродром деновиве се врши редовната пролетна дератизација. Во акцијата ќе бидат опфатени околу 3.000 шахти со 9.000 мамци, вклучувајќи ги и основните училишта и детските градинки на нејзината територија.

Дератизацијата на глодачите ја врши Институтот за јавно здравје, Скопје.