Пронајдено оружје во Гостивар

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера околу 11:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар вршејќи редовна служба запреле патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Љ.(32) од Скопје.При преглед во возилото, под десното совозачко седиште била пронајдена црна ташна во која имало огнено оружје-пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми, информираат од МВР.

„Со потврда за привремено одземени предмети, оружјето било одземено, а лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, соопштуваат од МВР.