Вооружени мажи ограбија телевизиска екипа во Калифорнија

Двајца вооружени мажи ограбија телевизиска екипа во калифорнискиот град Оукланд, објави Еј-Би-Си.

Напаѓачите излегле од автомобил и побарале од новинарите на една од регионалните редакции на Си-Би-Ес, кои се подготвувале да снимаат телевизиска репортажа, да им ги дадат камерите и останатата техника.

Во тој момент, реагирало обезбедувањето на новинарите, а еден од нив бил застрелан од напаѓачите, но не е животно загрозен.

Напаѓачите избегале со автомобилот и техниката на новинарите.

Подоцна полицијата уапси неколку лица.

– Дел од украдената техника е најдена, но истрагата продолжува, велат од полицијата во Оукленд.