Вокер: Би било чудо ако Англија го освои Мундијалот

Англискиот репрезентативец и фудбалер на Мачестер Сити, Кајл Вокер, изјави дека Англија нема големи шанси да го освои Светското првенство во Русија.

– Се надевам дека ќе се пласираме што е можно подобро, но мораме да бидеме реални. Победа на Светското првенство би била еднаква на чудо, истакна Вокер.

Според него, во англискиот тим има врвни играчи кои се подготвени да одат до крај.

– Имаме играчи кои можат да го остварат нашиот сон. Многу од нас играат можеби во најдобрата лига во светот, наведува англискиот репрезентативец.

Англија на Мундијалот во Русија игра во Групата Г со репрезентациите на Белгија, Панама и Тунис.

На Светското првенство во Бразил во 2014 година Англичаните освоија само еден бод во групната фаза од натпреварите.