Возило „пајак“ од понеделник ќе врши транспорт на хаварисаните возила во Кавадарци

Возило „пајак“ на ЈП Паркинг- Кавадарци од понеделник ќе врши транспорт на хаварисаните возила до депото на „Северен булевар“ во градот, информираа од локалната самоуправа.

Исто така, како што посочија, ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини. Од локалната самоуправа апелираат граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места.

Оваа одлука важи се до почнувањето со работа на  ЈП Паркинг – Кавадарци, информираат од локалната самоуправа. За непрописно паркираните возила ќе следат и казни од надлежните служби.