Возач удрил во пешак на крстосница во Скопје по што побегнал од местото

На крстосница од улица „Лука Геров“ и улица „Марк Твен“ во Скопје вчера непознато возило управувано од непознат возач удрило во пешакот С.С.(58) од Пробиштип, по што побегнало од местото.

Како што соопшти МВР, од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.