Водителката Марија Меноус се омажи во живо на „Тајмс сквер“ во Њујорк


САД- Американската водителка со грчко потекло Марија Менунос се омажи на Нова година на церемонија на Тајмс сквер во Њујорк, која во живо беше пренесена на телевизија.

Милионска публика го проследи моментот кога славната водителка и нејзиниот сакан Кевен Андергаро запливаа во брачните води. И покрај ниските температури, убавата ТВ ѕвезда блесна во елегантна венчаница од „Проновиас“.

Меноус, водителка на каналот „Е! Ентертејмент“, неодамна имаше тешка операција на мозокот од која целосно закрепна.