„Вог“ диктира трендови: Ким Кардашијан русокоса во крзно

САД- Најславната старлета на светот и ѕвезда  од социјалните медиуми, Ким Кардашијан, во глам-издание позира за насловната страница и едиторијалот на тајванскиот „Вог“.

Овојпат Кардашијан има руса коса, а шминката и облеката не навраќаат назад во модата на 90-те години. За ретро мејкапот беше задолжен стилистот Марио Дедиванович, додека гардеробата и модните додатоци се од пролетните колекции на „Филип Лим“, “Ив Сен Лоран“ и на „Булгари“.

Судејќи според трендовите кои ги форсира „Вог“, и оваа пролет во игра остануваат бундичките од вештачко крзно, блузите со „спуштени“ рамена, ригите и животинскиот принт, а во преден план се предименионираните обетки и прстени. Шминката пак, е дискретна, во неутрални тонови и кармин во „nudе“нијанса.