ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги донираме средствата за референдумот

Договорот за промена на името за кој Заев фрла милиони евра за промоција е капитулантски и во целост на штета на Република Македонија. Според капитулантскиот договор Република Македонија го менува името, јазикот, идентитетот, културата, историјата и традицијата. Тоа е најнегативниот договор за македонскиот народ и држава некогаш потпишан од Македонци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и владата наместо да фрлаат милион за промоција на овој капитулантски договор, парите да ги пренаменат за изградба на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои не следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните. Република Македонија во 21 век има потреба од инвестиции, силна економија, технолошки развој и услови за развој како во западните држави, тоа треба да биде целта кон која ќе се стремиме. Овој капитулантски договор не ни гарантира ништо од тоа. Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне“, се наведува во соопштението.