ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ЕЛЕМ вработува партиски кадри без оглас

Додека АД ЕЛЕМ се соочува со пропусти во производството и загуби, раководството на претпријатието наместо во нови инвестиции и развојни проекти парите ги троши за вработување на партиски кадри, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ.

„СДСМ без распишан оглас за вработување ги вдоми во АД ЕЛЕМ на државна плата синот на Мирослав Грчев, човекот за кој македонската нација не постои, негатор на македонската историја и ќерката на Талат Џафери, човек кој себе си се претставува за претседател на Собранието. Власта на државна плата во АД ЕЛЕМ го згрижи и сопругот на Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР, човек на 60 години. И додека граѓаните минуваат подолг период додека да најдат работа роднините на функционерите на власта преку ноќ добиваат државна работа во едно од најдобрите државни претпријатија“, соопштија од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „државата и државните ресурси се злоупотребуваат со цел материјален бенефит на партиската елита“.