ВМРО-ДПМНЕ: Николовски се фали со наши проекти

Земјоделството е во очајна состојба, а земјоделците осиромашуваат и се соочуваат со проблеми како никогаш досега.Наместо министерот за земјоделство, Љупчо Николовски да ги решава проблемите на земјоделците тој се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има аплицирано за овој проект за набавка на нови возила уште во 2011 година, се вели на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

“Николовски под итно да го реши проблемот со откупот на зелката каде земјоделците очајно повикуваат за помош за справување со драстичниот пад на цената и намалувањето на откупот на пролетната зелка. Министерот за земјоделство, Николовски наместо да се слика со наследени проекти и да дава небулозни изјави, самиот да излезе на лице место меѓу земјоделците, да види со каква мака се соочуваа тие и конечно да ги исполни ветувањата кои им ги даваше на земјоделците”,стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.