ВМРО-ДПМНЕ за ЈСП: Директорот да се разреши, тендерот да се поништи

СДСМ удри на крадење на најјако, а референдумот е само параван зад кои ги сокриваат сите криминали на картелот на власт, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова го видовме при распишувањето на крвавиот тендер тежок 35 милиони евра во здравството, а слични примери се најдоа и меѓу субјектите кои беа наградени со стотици илјади евра од фондот за иновации. Сега истиот начин на работење го гледаме и на локално ниво, односно расфрлањето со стотици илјади евра, пари на граѓаните, од страна на ЈСП. Имено преку ЈСП Скопје се испумпуваат 200 илјади евра за две набавки кои ги добиваат две фирми во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот. Најтрагично е тоа што вобичаените услуги се плаќаат по двојно повисока цена“, соопштија од партијата.
Според ВМРО – ДПМНЕ, елетронските картички за возење кои порани го чинеа претпријатието 100 денари, сега ќе го чинат 120 денари.
„Дали тука не се работи за уште една шема каде има сомневање дека блиски луѓе на власта првин формираат фирми неколку дена пред да се распише тендер од некоја државна институција, потоа се распишува тендер скроен по мерка на фирмата штотуку формирана, за истата на крај да добие милионски бизнис од власта. Дали и кој договорил формирање на ови две фирми со конкретна намера да го добијат бизнисот од 200 илјади евра? И клучното прашање, зошто Шилегов молчи за сето ова?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Шилегов доколку нема удел во сомнителните набавки, треба веднаш да го разреши директорот и да ги поништи набавките. Целиот материјал за сомнителните набавки треба да биде доставен до органите на прогонот кои треба да отпочнат сериозна истрага за случајот тежок стотици илјади евра.
 
____________________________________________________________