ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните осиромашуваат и живеат се потешко, економијата тоне

Граѓаните осиромашуваат и живеат се потешко, економијата тоне, а владата мести тендери за богатење на сметка на буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Владата на криминален и нетранспарентен начин фаворизира компанија блиска до врвот на СДСМ.

„Да биде скандалот поголем покрај штимањето на тендери се менува и тендерска документација кој е веќе објавена. СДСМ најпрво поставува услов од минимум ископани минимум 900.000 тони, кој беше единствен критериум за избор на најповолна компанија. Само една компанија го исполнува единствениот услов, а тоа е Пелистер ДОО Битола. Местењето на тендерот стана очигледно и за неупатените, па откако се обелодени скандалот, владата решава да го покрие срамот со нов срам. Имено се менува тендерската документација за избор на најповолна компанија веднаш штом се објавува скандалот, со што се зголемува бројот на компании кои можат да аплицираат. Очигледно се фатени инфлагранти во извршување на криминал и местење на тендери. Потврда за криминалот е и ретерирањето, односно измената на тендерската документација. При носење на одлуки, потенцијалните странски инвеститори ги земаат предвид сите случувања, а коруптивните тендери се индикатор кој ги демотивира да инвестираат во нашата држава“, пишуваат ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.