Владо Јаневски се појави во јавноста

Поп-ѕвездата Владо Јаневски кој ретко се појавува во јавноста денес, заедно со поп-пејачката Каролина Гочева и Никола Перевски- Пере од „Нокаут“ присуствуваше на одбележувањето на 25 години од работењето на „Авалон продукција“ во МНТ. „Авалон“ досега има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи но и странски лиценцирани изданија. Сепак, доминантна дејност  од 2000 година до денес и е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа.

Концертната сезона ја стартуваа кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на „ТОТО“,  овој месец со концертот на Јосипа Лисац, а она што следи во периодов се концертите на Ѓорѓе Балашевиќ на 19 мај во ВИП Арена- Скопје и на Владо Јаневски на 1 јуни на АРМ Стадион- Скопје. Продукциската куќа ги организира и фестивалите „Скопје колинг“ во јуни со ѕвездите Алан Вокер, Систер Блис од „Фејтлес“, „Тексас“…и „Охрид колинг“ во август со диџеј Армин ван Бурен, Џакс Џоунс… Концертот на Брајан Фери е закажан за 9 септември во Македонска филхармонија…