Владата ќе потроши околу 30 илјади евра за сервисирање на „Мерцедесот“

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер во вредност од 27.559 илјади евра за одржување и поправка на блиндираниот „Мерцедес“.

Во огласот за доделување на договор за јавна набавка стои дека е потребно сервисирање на моторно возило марка „Mercedes Benz“ тип S 600 – Blind.

Проценетата вредност без ДДВ е точно 1.694.915 денари или 27.559 илјади евра.

Договорниот орган ќе користи електронска аукција, а понудите да се достават најдоцна до 19.06.2018 во 10:00 часот.

Целиот оглас може да се види ТУКА.