Владата ќе ги зајакнува инспекциските служби

Ќе се доекипираат инспекциските служби во Република Македонија, соопшти Владата.

На денешната 65. седница, како што соопшти владината прес-служба, министрите донесоа заклучоци за кадровската екипираност на инспекциските служби во Република Македонија со план за нивно доекипирање.