Висока мода на Валентино: Амбер Херд како филмска сирена

Англија- Актерката Амбер Херд (32) која имаше комплициран, бурен и прилично краток брак со холивудската ѕвезда Џони Деп, блесна на црвениот килим на премиерата на новиот филм „Аквамен“ со изборот на тоалетата и со стајлингот.

Драматичниот изглед на „Валнетино“ со стилизирана капа како онаа за пливање предизвика вимание и ја подели модната јавност на за и против.

Подводната драма на „Ворнер Брос“  премиерното прикажување ќе го има на 14 декември. Во главните улоги се појавуваат и Џејсон Момоа, Патрик Вилсон и Вилием Дефо, режијата е на Џејмс Ван.