ВИП ПРЕДНОВОГОДИШНА ЖУРКА : “Џипси кингс“ во Скопје

Пуштени се во продажба влезниците за концертот на светската поп-атракција  “Џипси кигс“ на  22 декември во ВИП Арена , во рамките на второто издание на настанот  “ АLL YOU NEED IS LOVE, во организација на Авалон. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, “Џипси кингс“  станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, бендот имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. После шест номинации за Греми наградите, групата во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“. Влезниците можат да се обезбедат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/gipsy_kings_skopje2017

Цените се движат од  900 денари во партер до 2000 денари во ВИП делот на ВИП Арена.