Викторија Бекам со нова козметичка линија

Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија Модната козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.

– Сакам да се грижам за жените, како за нивната надворешност, така и за внатрешната убавина, така што ќе ги снабдам со потребните шминки, производи за кожа, аромати и витамини, за коишто чувствувам дека и јас имам потреба во мојот живот, изјави Бекам.

Ова  е прв таков проект на дизајнерката по оној во 2016 година кога ја претстави својата шминка во соработка со Есте Лаудер, инспирирана од нејзините омилени градови – Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Париз.

– Шминкерка сум од свои 18 години. Ги гледам моите слики и научив што одговара, а што не, нагласи таа.