Викторија Бекам на Модната недела во Париз: Не се разведувам

Франција– Модната креаторка Викторија Бекам (44) беше ѕвезда на Модната недела во Париз. Со синот Дејвид (19) седеше во првиот ред на ревијата на Диор за мажи, заедно со Кејт Мос, Наоми Кембел и Лени Кравиц. Бекам искомбинира необични бои од својата колекција-црвени панталони и сина кошула што сепак изгледаше светски.

Бекам, мајка уште на Ромео (15), Круз (13) и ќерката Харпер (6) неодамна ги демантираше информациите дека се разведува од фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам.

-Се трудам да бидам добра мајка и сопруга. Кариерата никогаш не ја ставам над семејството, изјави Викторија, некогашна членка на групата „Спајс грлс“.