Викторија Бекам: Модна икона по избор на публиката

САД- Викторија Бекам, дизајнерка и бивша членка на „Спајс грлс“  е првата модна икона избрана по избор на публиката. Синоќа, во Лос Анџелес и беше врачена наградата „Избор на публиката“ (Peoples Choice Awards) како дизајнерка која диктира модни трендови во Холивуд и во родниот Лондон.

Таа влезе во светот на модата во април 2008 година и никој од тој свет не веруваше дека ќе успее во дизајнерските води. Но, оваа година, Викторија прослави десет години од постоењето на нејзиното модно кралство на Модната недела во Лондон, што е добар показател за нејзиниот успех.

“Тоа што го постигнав во изминатите десет години е многу повеќе од она што можев да го сонувам, чувствувам како ова да го работам целиот мој живот. Живеам и дишам за мојот моден бренд седум дена во неделата, никогаш не се исклучам, не одам на одмор и никогаш не сум недостапна по телефон или е-пошта. Мојата работа е моето петто дете “, рече Викторија.

Таа вели дека имало прекрасни моменти во изминатите десет години и вели дека отсекогаш била фокусирана на следниот чекор. Открила дека стратегијата е клучен збор во новото поглавје од нејзината работа.

Викторија, која секогаш била амбициозна, рече дека постои одреден начин на работа и правила во модната индустрија, на кои и таа исто така морала да се придржува.

“Сакав да бидам претприемач и да најдам различни начини за да ги направам работите. Бев поп-ѕвезда која се претвори во моден дизајнер и не сакав да работам на ист начин како што другите.” Бев малку наивна и веројатно затоа не бев исплашена “, рече Бекам.

Таа додаде дека од секогаш сакала да се занимава со модата и дека е всушност е среќна што музиката не е нејзината главна страст.

Планетарно популарна, со исто така славен сопруг, фудбалерот Дејвид Бекам и четири деца, Бекам неодамна изјави дека нема да им се придружи на „Спајлс грлс“ на турнејата, идната година, зашто веќе не се гледа како пејачка туку како сериозна деловна жена.

Како влијателна жена во модата, австралискиот „Вог“ ја објави на насловницата, со моден едиторијал и интервју, по повод 10 години кариера како дизајнер.