“Викторијас сикрет“: Во Шангај се одржа најскапата модна ревија на светот

КИНА- Топ-манекенката Џиџи Хадид не учествуваше, а поп-ѕвездата Кети Пери не пееше синоќа на ревијата на американскиот бренд на долна облека “Викторијас сикрет“, за прв пат во Шангај, Кина, по Њујорк и Лондон. На најскапата модна ревија во, годинава имаше рекорден број на девојки од Азија – вкупно седум модели, што е најмногу во историјата на брендот (една од нив синоќа падна на пистата). Ѕвезди беа  ветеранките од престижната модна писта Адриана Лима, Алесандра Амброзио (која најави дека и е последен настап за брендот), Бехати Принсло, Кендис Сванепол, Лили Олдриџ, Јасмин Тукс… и петнаесет нови имиња.

Градникот на фантазиите кој чини 2 милиони долари годинава имаше чест да го носи Бразилката Лаис Рибеиро. Биле потребни 350 часа за да се изработи, а изгледот на градникот е надополнет со декорација со скоро 6.000 скапоцени камења.

Модното шоу на „Викторијас сикрет“ лани беше следено од 1,4 милијарди луѓе. Во музичкиот дел, настапи Хари Стајлс од ексгрупата “ One Direction“ и ар-ен-би пејачот Мигел.