Викендов второ прскање против комарци

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира во сабота и во недела во раните утрински часови. Дезинсекцијата по земја ќе ќе почне од недела и ќе се спроведува до четврток, во периодот од 23 до 4 часот наутро.

Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден во истиот термин.