(ВИДЕО) Цунами ја погоди Индонезија

Силниот земјотрес  што денеска го погоди островот Сулавеси сепак предизвика цунами, иако Индонезиската агенција за метеорологија претходно го повлече предупредувањето за можно цунами.

– Цунами ги погоди градовите Палу и Донгала  по земјотресот од 7,5 по Рихтер. Во ударот уништени се куќи и семејства се во неизвеснот, соопшти портпарол на националната Агенција за борба со природни катастрофи.

– Цунамито го погоди градот Палу, главен град на провинцијата Централно Сулавеси и градот Донгала.

Висината на брановите е над два метра, јавуваат локални медиуми. Комуникациите со регионот се во прекин.