(ВИДЕО) Цунамито ги однесе и бината, и бендот, и публиката

Најмалку 168 лица загинаа, а се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува откако вулканот Кракатоа експлодира и предизвика цунами кое ги потопи плажите во Индонезија.

Големи бранови, кои го погодија индонезискиот брег во саботата вечер, уништија 430 куќи, 9 хотели и 10 брода.

На едно од вознемирувачките видеа од катастрофата е снимен моментот кога голем бран го однесе од сцена најпознатиот бенд во Индонезија, „Севентин“, кој во моментот на цунамито имал концерт на плажа.

Фронтменот на бендот кој преживеа објави дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека тројца членови на бендот и неговата сопруга се исчезнати.