(ВИДЕО) Црна Гора го избра својот претставник за Евровизија

Вчеравечер граѓаните на Црна Гора го избраа својот претставник за претстојната Евровизија.

Публиката избра, Црна Гора на 64. Евросонг ќе ја претставува групата „Д мол“ со песната “Heaven“. На црногорскиот избор за претставник на Евровизија, Монтевидео“, се натпреваруваа пет изведувачи.

Евровизија 2019 ќе биде 64. издание на фестивалот Евровизија. Домаќин ќе биде Израел кој победи на Евровизија 2018 во Португалија со претставничката Нета со песната „Toy“.