(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент поради изборот на јавен обвинител: Опозицијата запали факли и фрла со чизми

Парламентот во Албанија со 69 гласа за ја изгласа Арта Марку за привремен јавен обвинител. Додека траеше процесот на гласање, опозициските партии остро протестираа во парламентот, но преку нејзините поддржувачи и надвор од албанскиот законодавен дом.

Во еден момент може да се забележи дека еден од пратениците фрли со чизма додека новата привремена јавна обвинителка Арта Марку даваше заклетва.

Беа фрлени и други предмети, а дел од претставниците на опозицијата држат и факли. Како што може да се види од видеата, надвор од албанскиот парламент се одвиваат протести на опозицијата против изборот на Арта Марку за јавен обвинител. Протестантите во еден момент успеваат да го пробијат првиот полициски кордон, но не и вториот.