(Видео) Филмска приказна за љубовната бајка на принцот Хари и Меган Маркл

До предвидената свадба меѓу Меган Маркл и принцот Хари, закажана за 19 мај, останува уште многу малку време, но пред тоа ќе се случи нешто друго.

Точно шест дена пред свадбата, филмот наречен „Хари и Меган: Кралска романса“ ќе биде продуциран од телевизиската мрежа „Лајвтајм“, а сценариото ќе се заснова на вистинската љубовна приказна на оваа кралска двојка, поточно како се сретнале и како се развивала нивната врска.

Актерската екипа за овој филм е внимателно одбрана, односно сите ликови неодоливо потсетуваат на личностите што ги толкуваат, па Меган ќе ја игра Париса Фиц-Хенли, а принцот Хари ќе го толкува Мареј Фраџиер.

Премиерата на филмот „Хари и Меган: Кралска романса“ е закажана за 13 мај.