(ВИДЕО) Три деца и една жена загинаа во пожар во трговски центар во Русија

Најмалку четири лица, меѓу кои и три деца, загинаа во трговски центар во сибирскиот град Кемерово, каде што избувна огромен пожар. Службите за итни случаи продолжуваат да работат за спасување на оние што се заробени во зградата.

Пожарот избувна денеска попладне по локално време. Спасувачите успеале да извлечат околу 120 луѓе досега, како што јавуваат од регионалното Министерство за вонредни состојби.

Жртвите биле во игротека, според портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко. „Околу 26 лица, исто така, побараа медицинска помош или биле однесени во болници“, додаде таа.

Во меѓувреме, бројот на повредени се зголеми на 15. Двајца од нив остануваат во сериозна состојба.

На фотографиите што циркулираат на социјалните медиуми се гледа чад што се издига од зградата. На едно од видеата се гледа личност која во очај се обидува да скокне од прозорецот од четвртиот кат од каде што излегува густ црн чад.

Пожарот зафатил околу 1.500 квадратни метри, но било спречено негово понатамошно ширење. На местото се распоредени повеќе од 210 спасувачи.