(ВИДЕО) Трамп за односот со Ким: Ние се заљубивме, тој ми напиша прекрасни писма

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го подигна својот ентузијазам кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун до нови височини во саботата изјавувајќи на митингот пред неговите приврзаници дека се заљубиле по размената на писма.

„Јас навистина бев тврд – таков беше и тој. И ние ќе одиме назад и напред“, рече Трамп на митингот во Западна Вирџинија.
„И тогаш се вљубивме, во ред? Не, навистина – тој ми напиша прекрасни писма, и тие се одлични писма“, рече тој.

Неговите поддржувачи се смееја и аплаудираа. Трамп велеше дека коментаторите ќе го оценат како „непретседателски“ за оценувањето на Ким со такви блескави термини.

Администрацијата на Трамп се подготвува за втор самит со Ким за да зборуваат за денуклеаризација. Времето и локацијата сè уште не се објавени.