(ВИДЕО) Траект со 160 ученици од Јужна Кореја се заби во карпа

Јужнокорејската Крајбрежна стража соопшти дека успешно ја спровела акција за спасување на сите 162 патници и членови на екипажот на траектот, што денеска удри во подводна карпа во близина на југозападниот брег на Јужна Кореја.

Во соопштението се наведува дека при акцијата се спасени сите 158 патници и петмината членови на екипажот на траектот. При спроведувањето на операцијата, полесно биле повредени шест лица.

Инцидентот се случил кога траектот свртил од превидената треакторија на движење за да избегне судар со рибарски чамец, по што удрил во подводната карпа.

Во првичното соопштение на Крајбрежната стража беше наведено дека на траектот има 193 и дека шансите за ниво спасување „се добри“. затоа што нема показатели оти во пловилото влегува вода.

Во спасувачката акција биле вклучени четири брода на Крајбрежната стража и повеќе цивилни пловила кои се нашле во близина.

Во истиот реон во 2014 година потона јужнокорејски траект, при што загинаа над 300 лица, од кои повеќето ученици кои беа на екскурзија.