(Видео) Торо Росо го покажа болидот за нова сезона

Торо Росо објави фотографии на својот болид за новата сезона за Формула 1.
Хаас беше првиот тим што објави фотографии од својот болид VF-19 уште минатата сезона, каде преовладува црна боја, а тука е и поедноставениот нос.
Сега Торо Росо го откри изгледот на својот болид  STR14 со мотор на „Хонда“ и ги покажа неговите аеродинамични компоненти дизајнирани според построгите овогодишни рестрикции. Сината, сребрената и црвена боја на болидот и понатаму се присутни.
Торо Росо, минатата сезона, заврши на деветтото место на поредок на ко0нструктори, а оваа година ќе имаат поблиска соработка со Ред Бул затоа што ќе користи компоненти од нивниот минатогодишен болид.
„Целта е да напредуваме и да се натпреваруваме на највисоко можно ниво. Оваа зима интензивно работевме за да направиме организациски промени кои, се надеваме, ќе помогнат во решавањето на неколку проблеми кои ги искусивме во минатото. Ги анализиравме сите интерни процедури за да ја оптимизираме нашата сила и да ги минимизираме нашите слабости.  Во споредба со другите тимови Торо Росо се потпира на помал број луѓе, но синергијата со ред Бул технологијата и фактот дека и ред Бул користи мотор на Хонда, ќе им се даде повеќе време на техничарите да се фокусираат на детали. Вниманието посветено на детали прави разлика, а тоа резултира со подобри перформанси“, изјави директорот на Торо Росо, Франц Тост.
Тост рече дека компонентите кои се однесуваат на моторот на Хонда ќе бидат со исти спецификации како и кај ред Бул.
„Повеќето преостанати делови ќе ги имаат минатогодишните спецификации затоа што Торо Росо нема да може да го следи брзиот развој на деловите на Ред Бул за сезоната 2019 година. Имаме добри техничари, а довербата во ланските делови ќе не стави во подобра ситуација да се развиваме побрзо во текот на сезоната“, рече Тост.