(ВИДЕО) СП 2018: Уругвај е вториот четвртфиналист, ја совлада Португалија со 2:1

Екипата на Уругвај е вториот четвртфиналист откако во второто осминафинале на Светското првенство во Русија ја совлада репрезентацијата на Португалија.

Единсон Кавани 75 минути имаше вистинско шоу во осминафиналната пресметка на Уругвај против Португалија. Два феноменални гола сервираше Кавани за водство од 2-1 против Португалците, носејќи го Уругвај до четврт-финалето на Мундијалот 2018. Тој погоди уште во 7. минута за водство од 1-0, по асистенцијата од Суарез. Потоа во 62. минута, откако претходно израмни Пепе, со прекрасен шут од 16 метри донесе водство од 2-1.

Уругвај во четврт-финалето ќе се сретне со Франција, која беше поуспешна од Аргентина со 4:3.

Во продолжение погледнете го прекрасниот втор гол на Единсон Кавани: