(Видео) Сопругата на Конте ја прекина прес-конференцијата на Челзи

Тренерот на Челзи, Антонио Конте се најде во непријатна ситуација и мораше да им се извини на новинарите, откако телефонски повик од неговата сопругата го прекина додека говореше на прес-конференција.

Тој го извади мобилниот телефон, погледна кој го бара, се насмеа и го исклучи, по што им се извини на новинарите.

– Секогаш во најлошиот момент! Можете да ме казните, бидејќи и јас би се налутил доколку вакво нешто мене би ми направиле, нагласи Конте.

Челзи во четврток гостува кај Барнли.