(Видео) Снегот ги претвори црногорските плажи во скијачки терени

Снегот кој ја прекри речиси цела Црна Гора ги израдува граѓаните и на приморските градови, а на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од граѓани кои скијаат по снегот на Велика плажа во најјужниот црногорски град Улцињ.

Снимката е објавена на Фејсбук, а на неа се гледа како автомобил влече двајца скијачи по снегот кој ги прекри речиси сите приморски градови на Јадранот.

Според најавите метеоролозите, снегот во Црна Гора би можел да продолжи да паѓа и во наредните данови.