(ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди брегот на Чиле, наредена е евакуација на населението

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала регистриран е на северниот брег на Чиле.

Епицентарот на земојотресот бил на 15,6 километри југозападно до градот Кокимбо на длабочина од 53 километри.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Националната служба за вонредни ситуации на Чиле превентивно нареди евакуација на населението во околината на Кокимбо, но подоцна ја повлече наредбата.

Исто така е соопштено дека нема опасност од појава на цунами.