(Видео) Се урнаа два индиски авиони

Два авиона на индиското Воено воздухопловство се урнаа за време на реализација на фигурата „огледало“, јавија индиските медиуми.
Тие, веројатно, се судриле додека маневрирале, јави телевизијата „Ѕвезда“.
Авионите на акробатската група „Сурија киран“ се урнале на подрачјето на авио-базата „Јелаханка“ во Бангалор. Еден пилот загина, додека судбината на другиот е неизвесна.
На местото на несреќата се наоѓаат специјалци и итна помош.