(ВИДЕО) Северна Кореја тагува: Шест години од смртта на Ким Јонг – Ил

Во Северна Кореја денеска почна одбележувањето на шестгодишнината од смртта на поранешниот претседател Ким Џонг-ил, а илјадници граѓани положија цвеќе на неговиот споменик во центарот на Пјонгјанг.

Иако чувството на национлана жалост е помалку интензивно од претходните години, граѓаните на Северна Кореја, според препораките, вчера, денеска и утре треба да избегнуваат алкохол, забава и „несоодветно изразување на уживање“.

На полноќ високи претсатвници на владејачката партија ќе го посетат мавзолејот каде се наоѓа гробот на таткото на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.