(ВИДЕО) Тексас: Татко и син го убија соседот поради кавга за душек


Кавгата помеѓу две семејства во Тексас почнала поради фрлањето ѓубре на улица. Прво, тие се расправале за тоа каде на улицата треба да се фрла ѓубрето, а откако навредите преминале во закани, таткото и синот од едно семејство го убиле 37-годишниот маж од соседната куќа. Целата кавга во врска со убиството беше снимена и објавена на Јутјуб.

Полицијата уапси двајца мажи, 67-годишник и 31-годишник од семејството Милер, татко и син, кои се обвинети за убиство на нивниот сосед Арон Хауард.

Предупредување, видеото е со вознемирувачка содржина.

Според медиумите, кои се повикуваат на изјави од полицијата, целата кавга меѓу соседните траела неколку дена, а кулминирала на 1 септември, кога Хауард бил убиен. „Сето тоа траеше неколку дена, а кулминираше со насилство“, рече началникот на полицијата Стен Стандриџ на прес-конференцијата по инцидентот.

Хауард бил убиен пред својот брат и сопругата, кои биле вклучени во кавгата и исто така го снимиле убиството со мобилен телефон.

На видеото, кое трае околу две и пол минути, се гледа како Милерови го вперуваат оружјето кон Хауард. Меѓу нив се гледа насобран смет, како и душеци, за кои, како што наведува „Стар телеграм“, и почнала целата кавга.