(ВИДЕО) Руски и српски ветерани им држат воена обука на деца на Златибор

Во Србија на Златибор е отворен првиот младинско-патриотски камп за деца, кој го организираат српски и руски ветерански и патриотски групи, јавуваат српските медиуми.

На видеото објавено од руската агенција „Раша тудеј“ се појави снимка во чиј опис се наведува дека во кампот учествуваат триесетина деца на возраст од 14 до 23 години.

„Децата ги учат основните техники на преживување во природа, вклучувајќи и давање прва помош, како да се однесуваат во борба, како да пукаат со пушки, да се одбранат со ножеви, да се снаоѓаат во простор“, се наведува во описот на видеото.

Се додава и дека слични кампови се одржуваат во Русија и дека ова е првиот од тој вид во Србија.