(ВИДЕО) Пронајдено мртвото тело на актерката Адеа Шабани?

Американските медиуми јавуваат дека американските детективи и полицијата на Лос Анџелес пронашле „остатоци од женско тело“ а кое се верува дека исчезната актерка од Македонија, Адеа Шабани.

Но за да се потврди ова според тамошните детективи процесот на идентификација на телото трае неколку денови, засега американската полиција не дава детали околу таа истрага. Локалната полиција во Лос Анџелес сепак верува дека се работи за Адеа Шабани и се убедени дека станува збор за убиство, аутопсија на телото е закажано за денес од каде конечно ќе се дознае вистината.

Локалниот шериф во местото Ел Чико во Невада, Лос Анџелес вчера беше на лице место заедно се полициските единици на Лос Анџелес „открија остатоци од женско тело“ кое се верува дека е Адеа Шабани.

Поголемиот дел од фановите и друштвото на Адеа на социјалните мрежи веќе споделиле пораки на сочувство, но сепак истрагата која е во тек ќе покаже дали тоа тело и припаѓа на 25-годишната актерка, Адеа Шабани, која се смета за исчезната повеќе од еден месец.
Американските медиуми постираа видео каде се верува дека е убиена Адеа Шабани, но сепак за ова ќе потврди истрагата. /Независен