Видео порака од Колинда Грабар-Китаровиќ

Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.

Колинда Грабар-Китаровиќ: Вие припаѓате во фамилијата на ЕУ и НАТО, а Хрватска е спремна да ви помогне на тој пат

„Вие припаѓате во фамилијата на ЕУ и НАТО, а Хрватска е спремна да ви помогне на тој пат“, ни порача хрватската претседателка Kolinda Grabar-Kitarović. Одлуката е наша, на 30-ти септември сами одлучуваме за европска Македонија.

Posted by Zoran Zaev on Недела, 23 септември 2018

Ова во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

– Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Претходно денеска, преку видео порака до граѓаните на земјава во пресрет на референдумот се обратија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Вчера со видео порака на македонските граѓани се обрати и претседателот на Франција Емануел Макрон, во која вели дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните.