(ВИДЕО) Пожар во германскиот забавен парк „Европа“, евакуирани 23.000 посетители

Најмалку седум пожарникари се повредени минатата ноќ при гаснење на големиот пожар што избувна синоќа во познатиот тематски парк „Европа“ во германскиот град Руст.

Во гаснењето на огнот, кое траело да рано изутринава, учествувале околу 250 пожарникари. Во пожарот изгореле неколку тематски содржини и едно складиште.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, сите посетители на паркот биле евакуирани. Се претпоставува дека во тоа време во комплексот имало околу 23.000 лица.

Причините за пожарот, што започнал во тематската содржина „Пиратска пештера“, засега не се познати.

Паркот денеска е одново отворен за посетители.

„Европа“, кој е изграден во 1975 година, е втор најпознат тематски парк на европскиот континент, по „Дизниленд“ во Париз.