(ВИДЕО) Планините во Словенија побелеа среде јуни

Во Босна и Херцеговина, на Бјелашница, утрово се измерени два Целзиусови степена, а екстремно ладно е во Словенија – толку многу што среде јули падна снег. Имено, на Кредарица паднал снег како да е јануари.

Кредарица е инаку планински врв во Јулијските Алпи во Словенија и се наоѓа на 2.541 метри надморска височина. Највисоката температура на Кредирица била измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а најниска на 7 јануари 1985 година кога биле измерени – 28,3 степени.